Тиквеш издржа едно полувреме, Пелистер ја запиша 12-та победа

Македонскиот вицепрвак Пелистер славеше со 30-20 против Тиквеш за 12-та победа по 13 кола во ракометната Суперлига.

Ракометарите на Пелистер одиграа лошо прво полувреме во кое Тиквеш имаше и водство од 7-5, но сепак битолчани направија пресврт до крајот на првите 30 минути (13-12).

Во вториот дел Пелистер го покажа вистинското лице и ги искористи грешките на Тиквеш за набрзо да создаде голема предност која ја круниса со триумф од 30-20.

Најефикасен во победничкиот состав беше Себастијан Хененберг со пет голови, додека Страхиња Симиќ за Тиквеш постигна четири.