Тажна вест: Ракометен судија ја загуби битката со коронавирусот!

Опасниот вирус ковид-19 носи тажни вести во Македонија, откако денеска животот го загуби македонскиот ракометен судија Саше Ѓорѓески, кој неколку денови се бореше со вирусот.

Ѓорѓески имаше успешна судиска кариера и судеше заедно со неговиот колега Васе Зипевски, а стави крај на истата пред две години, по што беше делегат.

Ѓорѓески беше и ракометар во минатото, а во кариерата настапуваше за тимовите на Гостивар и Југ.