Србинот Милосављев е замената за Штербик во Вардар!

Српскиот ракометен репрезентативен голман Дејан Милосављев ќе биде замената за Арпад Штербик на голот на македонскиот и европски првак Вардар, објави Балкан Хендбол

Милосављев, кој има 22 години, ќе се приклучи на црвено-црните наредното лето, а во Скопје ќе работи со тренерот на голмани на Вардар, Дејан Периќ, со кого веќе соработуваше во српската сениорска репрезентација во 2015 година.

Пред да потпише за Партизан, најдобриот млад голман на Србија го носеше дресот на Југовиќ, истиот тим од каде што потекнува Штербик. Минатата година, играше како позајмен играч во катарска Лахвија.

И актуелниот чувар на мрежата на скопјани, Страхиња Милиќ е поранешен голман на белградски Партизан.