Со татко му го треснаа Вардар во Купот, а денеска потпиша за црвено-црните!

Европскиот шампион Вардар продолжува со засилување на екипата за следната сезона, а најнов ракометар во таборот на „црвено-црните“ е младиот репрезентативец на Македонија, Димитар Димитриоски.

Димитриоски, кој заедно со татко му Оливер Димитриоски, минатата сезона како членови на Металург, го совладаа Вардар во македонскиот Куп, денеска потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“.

Младиот репрезентативец има искуство во СЕХА-лигата и ЛИгата на шампиони, па главни карактеристики кои го одликуваат се брзина и експлозивност.

„Вардар секогаш во клубот сака млади ракометари, на кои ќе им даде шанса да напредуваат. Негова најголема предност е неговата младост и очекуваме да се посвети на клубот. Вардар ќе му даде шанса, а ние од него очекуваме тој да ја искористи“, вели извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски. 

ФОТО: РК Вардар