Со маестрална одбрана, Е. Пелистер рутински го суреди Пролет

По непријатна пауза од четири порази, Еурофарм Пелисер им се врати на побебедите, совладувајќи го Пролет, во четвртото коло од плејофот, од македонската Суперлига.

Битолскиот тим славеше со 26-17, во салата „Боро Чурлевски“, демонстрирајќи одлична одбрана, како клуч за победата. Решавачко беше првото полувреме, во кое битолчани примија само шест гола. По пет минути игра имаа 4-1, на половина од првиот дел водството дојде до 7-4, а Пролет се потешко успеваше да најдес изгледна ситуација пред голот на Карим Хендави.

И во второто полувреме домаќините ја одржуваа разликата, иако сега играа нешто поопуштено, па Пролет можеше да си дозволи некоја егал игра. Ја доведе разликата на минус пет, но по 50. минута, кога беше 20-15 за фаворитот, постигна само два гола до крајот, а конечниот резултат беше највисок на натпреварот. Пивотот Томилав Кушан се врати кај Е. Пелисер по пауза од два месеца, па тој беше најефикасен, заедно со Стипе Мандалиниќ, со по пет гола. Во тимот на Пролет Аларов постигна пет, а Андонвски четири. Домаќините имаа „засилување“ и покрај аут-линијата, бидејќи тренерот Жељко Бабиќ ја одлежа изолацијата од десет дена и севрати на должност.

Ова е трета победа, во четири натпревари за Е. Пелистер, со што дојде до девет бода, три зад лидерот Вардар. Пролет, пак, го претрпе вториот пораз, по оној од Охрид минатото коло и остана на шест бода, на четвртата позиција. Претходно денеска, охриѓани направија подвиг и го совладаа Металург покрај езерото.