Скопско дерби среде Битола: Вардар - Металург за пехарот во Купот!

По пауза од една година Вардар и Металург повторно играат директно за пехарот во ракометниот Куп на Македонија. Вардар е огромен фаворит за да го освои 12. трофеј од ова натпреварување, денеска, во финалето во Битола, во 16.30 часот.

Колку е јасна фаворитската улога на Вардар покажа првото суперлигашко дерби оваа сезона, во „Јане Сандански“, кога шампионот го „уништи“ својот најголем ривал со 19 разлика (37-18). Металург беше далеку под своето ниво и под можностите, делуваше дури и немотивирано против моќниот ривал.

Овој пат дуелот е поинаков, не носи три бода, туку директно пехар и затоа се очекува скопското дерби среде Битола да има многу поголем жар отколку пред две недели во главниот град.

Не дека Вардар ќе биде спречен во походот по 13. пехар од Купот на Македонија, но битолската публика, наклонета на ракометот, посакува да го види фаворитот, барем разнишан од талентираните момци во сино. 

Врадар ги освојува последните четири трофеи во македонскиот Куп, но Металург дури и кога стигнал до Врвот, ретко победите биле директно против Вардар. Последен пат Металург го добил црвено-црниот ривал во финале утше во 2010 година.