„Шокираниот“ Еурофарм не сакајќи го обелодени допингуваниот ракометар!

Случајот со допинг во Еурофарм Работник не е шпекулација или тема во сенка, туку и самиот клуб се огласи јавно со соопштение. Проблемот е во тоа што, во соопштението клубот уште да го кажеше името на ракометарот.

На спорниот натпревар од 14 октомври, тестирани биле Милан Ѓукиќ и Горан Кузманоски. Не мора да се погодува за, неофицијално, да се заклучи дека играчот кој добил позитивни резултати на допинг-тестот е поранешниот македонски репрезентативец.

„За сите нас овој настан е огромен шок особено што се работи за докажан спортист и човек кој со своето однесување е пример за сите помлади играчи.“, пишува во дел од соопштението на Е. Работник, на тој начин опишувајќи го Кузманоски.

Тој ќе полни 37 години на крајот од месецов и со своето искуство, со меѓународната кариера и со репрезентативните настапи навистина претставува пример за младите ракометари на битолскиот клуб, па и пошироко во Суперлигата. Името на Таста досега немало допир со нечистата страна на спортот, а од клубот велат дека очекуваат тоа да остане така и дека ракометарот ќе ја докаже својата невиноста, наспроти резултатите од тестот.

„Во овој момент управата на РК Еурофарм Работник ја почитува презумцијата на невиност на нашиот играч и тоа така ќе остане сè до донесување на крајната одлука на надлежните органи по што ќе следи нашата конечна одлука“, велат од Еурофарм Работник.

Меѓутоа, од друга страна, не се потресоа многу околу презумпцијата на неговата невиност. Ако ја почитуваа, како тоа, Кузмановски помина повеќе време на клупа отколку на терен веднаш по спорниот натпревар со Бутел и не доаѓа на тренинзи веќе десетина дена? Нели е тоа етикета „виновен“, уште пред надлежните да го дадат официјалниот суд?