Сезоната уште не почна, а ракометарите на Вардар ја започнаа жетвата на трофеи

Актуелниот европски шампион, екипата на Вардар, го освои првиот трофеј пред почетокот на новата сезона, откако триумфираше на ракометниот турнир во Требиње, совладувајќи ја во финалето Металопластика со 32-28.

На полувремето Вардар имаше предност од три гола (17-14), на средината од второто полувреме дојде и до највисоки плус седум (25-19) за на крај само рутински да дојде до победа. 

Следен предизвик за Вардар е настапот на Супер Глоуб во Саудиска Арабија, каде што „црвено-црните“ играат директно во четвртфиналето.