Самсоненко останува во Вардар до 2020 година!

Пристигнуваат радосни вести за навивачите на РК Вардар, откако „24ракомет“ објави дека спонзорот Сергеј Самсоненко ќе остане во клубот до јуни 2020 година, па веројатно нема да се остварат најцрните сценарија кои предвидуваа распуштање на екипата.

Наводно, Самсоненко им ветил на ракометарите дека ќе остане најмалку до 2020 година и дека сака да го задржи истиот тим и во наредната сезона. Во иднина треба да се очекуваат продолжувања на договорите со ракометарите кои сега се членови на црвено-црниот гигант, а најавено е и обраќање на Самсоненко на официјалниот клупски сајт.

Повеќе на оваа тема може да прочитате ТУКА.