РК Вардар останува непоразен – лесно преслушано и Куманово!

Ракометарите на Вардар остануваат непоразени во мечевите од Суперлигата, откако попладнево лесно и убедливо го совладаа Куманово (37-21) во меч од 13. коло од првата фаза на шампионатот.

Разликата во квалитет беше огромна и видлива од првите минути, па црвено-црните веќе по десетина минути водеа со шест гола разлика како најава за крајниот епилог. На полувреме се замина со 23-8 за црвено-црните, што го направи продолжението само чиста формалност.

Најдобар кај Вардар беше Ален Ќосески, кој средбата ја заврши со 12 погодоци, додека Савревски реализира седум, а Чувара пет голови. Мрвовиќ со десет гола беше убедливо најдобар кај кумановци.