РК Пролер се засили со репрезентативец на Грција роден во – Нови Сад!

Еден од поамбициозните суперлигаши во македонскиот ракомет, екипата на Пролет, денеска се засили со репрезентативецот на Грција, Ѓуро Мујиќ, кој пред еден месец дебитира во дресот на нашиот јужен сосед во квалификациските дуели против Кипар и Грузија.

Станува збор за 28-годишен ракометар роден во Нови Сад, кој уште во раното детство со семејството се преселува во Грција. Кариерата ја почнува во Диомидис Аргус, клуб каде настапува до 23-годишна возраст, потоа преминува во германскиот третолигаш Аурих, од каде се пресели во Италија, во екипата на Гаети. Мујиќ последните две сезони го мина во таборот на Олимпијакос, од каде сега му се приклучи на Тинекс Пролет.

Грчкиот репрезентативец има освоено две титули шампион на Грција и еден трофеј во Челинџ-купот со Диомидис, додека со Олимпијакос има по еден трофеј во грчкото првенство и еден во Купот на Грција.