РК Охрид ги задржа локалните миленици на публиката!

Ракометниот клуб Охрид и во наредната сезона претежно ќе „гази“ на свој погон, откако денеска ја продолжи соработката со двајцата локални миленици, Иван Тасески и Крсте Андоновски.

Двајцата ракометари минатата сезона, која беше поништена од страна на Ракометната федерација (РФМ) поради пандемијата на коронавирус, беа најдобри во составот на „гладијаторите“, а се очекува истата улога да ја имаат и во наредната сезона.

Инаку, Суперлигата во новата сезона ќе биде проширена, меѓутоа има две главни промени во однос на тој првичен предлог. Првата е тоа што тимовите кои настапуваат во СЕХА лигата нема да почнат во домашното првенство уште од почеток, што значи повторно ќе се игра основен дел и плејоф-фаза. Втората промена е исклучувањето од Суперлигата на вторите екипи на Вардар и Металург - Вардар јуниор, односно Металург 2.