Иван Чупиќ по завршувањето на оваа сезона си заминува од Вардар и ќе го носи дресот на Загреб. Хрватското крило веќе има легендарен статус во историјата на „црвено-црните“ поради неговите игри изминативе пет години. 

Капитенот Стојанче Стоилов денеска му ја препушти честа на Чупиќ да го крене пехарот во Купот на Македонија, слично како што направи во Келн во 2019 година со Игор Карачиќ, кој исто така беше на излезни врати од Вардар.