Репрезентативецот Маркоски го засили Еурофарм Работник

Амбициозниот тим на Еурофарм Работник од денеска е посилен за уште еден репрезентативец на Македонија. Нов член е пивотот Никола Маркоски.

Стандардниот пивот на македонската репрезентација се договорил за едногодишна соработка со амбициозниот битолски клуб, со траење до јуни 2019. Тој доаѓа за да ги поткрепи амбициите за успешен настап во ЕХФ-купот следната сезона, но и за пробив во домашното првенство, каде што Вардар е со години недопирлив, а Металург сѐ подостижен. Покрај Маркоски, Работник вчера го купи и десното крило од Црна Гора, Милан Ѓукиќ.

Што се однесува до 28-годишниот Маркоски, ова за него претставува враќање во Македонија, по откако една година помина во Орошази, во Романија. Претходно играше во Вардар, Металург, Зомимак и во Работнички.