Ред се реди уште од рано наутро за сезонските билети за РК Вардар! (ФОТО)
Уште од самото отворање на билетарницата пред спортскиот центар „Јане Сандански“ се создаде гужва од спортски вљубеници од сите генерации, кои немаа проблем да чекаат дури и до половина час за да дојдат до можноста да купат билет за вардаровите натпревари. Во изминатиот период сопствениците на сезонски билети од минатата сезона имаат приоритетна можност да ги заменат истите и за следниот период, а од денеска во продажба ќе бидат и оние влезници кои не беа „обновени“ односно заменети.
Билетите важат за регуларниот дел од сезоната во ЛШ, за мечевите од СЕХА-лигата и од домашното првенство. Истите може да се купат и онлајн.