Работник е прв учесник на Ф4 во Купот, Металург ќе мора преку Пролет

Еурофарм работник е првиот учесник на Ф4-турнирот во ракометниот Куп на Македонија, а друштво ќе му прават Металург или Пролет. Ова е заклучокот од првиот ден од натпреварите во четвртфиналните групи во Купот.

Еурофарм Работник го искористи статусот на организатор, па во салата „Младост“ во Битола излезе победник во конкуренција на Радовиш, Прилеп и на Струга. Во првото елиминациско ниво, Е. Работник го декласира Прилеп со 36-21, а радовишани славеа против прволигашот Струга со 32-27. Во финалето на групата Работник потешко од очекувањата славеше со 28-25.

Металург има улога на апсолутен фаворит во финалето во својата група, закажано за утре. Противник ќе му биде Пролет, кој попладнево го декласира Вардар Неготино со 40-24. Металург, пак, лесно го доби Вардар јуниор, со 38-25.

Тоа беа групите 2 и 4, а утре ќе почнат натпреварите во групата 3, чиј домаќин е лидерот во Прва лига, Бутел Скопје, во Радишани. Прв противник ќе му биде Охрид, а во второто полуфинале Делчево Вардар е аутсајдер во однос на Пелистер. Одложена е само групата во која Вардар е домаќин во „Јане Сандански“, поради гостувањето кај Кил, во ЛШ.

 

КУП НА МАКЕДОНИЈА – МАЖИ, 1/4 ФИНАЛЕ – делегирање

Група 2, Сала Младост – Битола
Полуфинале:
20.04.2018 (11:00) РК Прилеп 2010 – РК Еурофарм Работник 21-36 (10-17) 
20.04.2018 (13:00) РК Струга – РК Радовиш – 27-32 (12-15) 
Финале:
20.04.2018 (18:00) РК Радовиш – РК Еурофарм Работник 25-28 (12-17) 

Група 3, Сала Радишани – Скопје
Полуфинале:
21.04.2018 (15:00) РК Делчево Вардар – РК Пелистер
21.04.2018 (18:30) РК Бутел Скопје – РК Охрид 2013
Финале:
22.04.2018 (16:00) РК Делчево Вардар/РК Пелистер – РК Бутел Скопје – РК Охрид 2013

Група 4, Сала Автокоманда – Скопје
Полуфинале:
20.04.2018 (17:00) РК Пролет 62 – РК Вардар Неготино 40-24 (18-15)
20.04.2018 (19:15) РК Металург – РК Вардар Јуниор
Финале:
21.04.2018 (17:00) РК Пролет 62 – РК Металург/РК Вардар Јуниор