Работнички го доби скопското дерби и ја прекина совршената форма на Бутел

Работнички беше поуспешен од Бутел во скопското дерби со 23-21 во СЦ „Јане Сандански“, а воедно ова беше прв пораз за лидерот во групата Б на ракометната Суперлига.

Работнички имаше водство во првиот дел, кое го одржуваше и покрај силните напади на Бутел, а на паузата тие заминаа со предност од 11-10.

Во вториот дел Работнички избега на три голови предност (19-16), а Бутел имаше проблеми во нападот затоа што најголем дел од нив ги запре противничкиот голман.

Во последната минута од натпреварот Бутел намали на еден негатива (21-22), но Работнички славеше со 23-21. Мечот го одбележа и нервоза кај ракометарите и стручниот штаб на Бутел, па во еден момент влегоа во конфликт со судиите, при што беше покажан и еден црвен картон.

Најефикасни кај Бутел беа Печенковски и Ѓорѓиевски со по четири голови, а кај Работнички најдобар беше Ончев со шест погодоци.

Бутел по шест одиграни меча во групата Б има пет победи и еден пораз, додека Работнички има две победи и дури пет порази.