Пролет го скрши Скопје 2020, Голден Арт без мака го совлада Јуниор Кисела Вода

Ракометарите на Пролет триумфираа со 35-30 против Скопје 2020, додека Голден Арт без мака го реши Јуниор Кисела Вода со 28-20 во 13. коло од групата Б во Суперлигата.

Скопје 2020 го искористи лошиот старт на Пролет, па поведе со 3-1, но набрзо домаќинот влезе во ритам и уште на полувреме избега со убедливи 18-13, по што во вторите 30 минути гостите успеаа само двапати да намалат на два гола негатива, но немаа сила за пресврт.

Најдобар кај Скопје 2020 беше Марио Мишевски со 10 голови, додека Иван Џонов и Дејан Пецаковски кај Пролет постигнаа по шест погодоци.

Голден Арт ја најави својата победа во финишот на првото полувреме кога поведе со 15-7, по што нивната предност достигна и +13, но Јуниор Кисела Вода до крајот ја намали разликата за 10-ти пораз оваа сезона.

Најефикасен во победата беше Дејан Гошевски со шест гола, додека на спортивната страна шест погодоци постигна Никола Матовиќ.