Екипите на Голден Арт КЛ7 и Работнички ги остварија своите први триумфи оваа сезона во Суперлигата. 

КЛ7 беше подобар од Јуниор Кисела Вода со убедливи 30-18 во рамки на 5.коло во Групата А. Домашниот тим уште на стартот ја демонстрираше својата супериорност и брзо направи опиплива предност. На полувремето беше 15-7, а во вториот дел разликата само се зголемуваше за кончени 30-18. Александар Стојков со седум голови беше најефикасен кај КЛ7, додека на спротивната страна половина голови за Јуниор Кисела Вода ги постигна Жарко Бајрактаревиќ, односно вкупно девет. 

Работнички премиерната победа ја оствари против Младост Богданци со 35-32 во рамки на 5.коло од Групата Б. Домашните на паузата имаа убедливи 17-8, а гостите играа нешто подобро во вториот дел, но не доволно за да направат пресврт. 

Стефан Крстевски постигна 13 голови за Работнички, додека Никола Димитров со девет беше најефикасен кај гостите.