ЖРК Вардар заминува во историјата, како проект кој по пет години постојано учество на фајнлфор турнирите за жал не успеа да ја израдува македонската јавност со европска титула, па клубот заминува во историја и денеска за последен пат беше крунисан за првак.

Шампионската титула за вардарки беше одамна обезбедена, ама денеска со последниот триумф со 49-24 против Металург, црвено-црните дами завршија нова сезона без пораз. За Вардар ова е шести трофеј во низа, и црвено-црните се втор најтрофеен колектив по Кометал Ѓорче Петров.

Но се беше залудно, кога спортскиот центар „Јане Сандански“, како и во случајот со европските прваци, така и сега со европските вицешампионки зјаеше празен. Никој не дојде за последен пат да прослават со девојките кои од идната недела повеќе нема да се во Скопје. Впрочем ова беше и последното шампионско крунисување на првиот проект од вардаровото семејство кој го започна рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.