Поради вирус одложено дербито од ракометната Суперлига!

Зимската пауза во македонското ракометно првенство завршува претстојниот викенд, кога ќе се одиграат средбите од 15. коло од Суперлигата, меѓу кои, сепак, нема да биде дербито помеѓу Бутел и Охрид.

Причина за ова е вирусот кој ги „покосил“ домашните ракометари во текот на минатата недела, поради што не тренирале. Поради ова, натпреварот нема да се одигра в недела, како што првично беше планирано, туку в среда, за да има време болните да се опорават. Секако, за среќа, ова не е корона вирус, од кој страдаат многу луѓе во светот, туку сезонски грип за кој треба време да се надмине.

Во преостанатите натпревари од 15. коло силите ќе ги одмерат Радовиш и Пролет, Струга и Металург, Пелистер и Работнички, односно Вардар Јуниор и Металург 2.