Почнува битката за Ф4 во ракометниот куп, викендов ќе слават три екипи!

Ракометниот Куп на Македонија викендов ќе добие разврска, кога се во прашање учесниците на завршниот турнир, во мај.

Три од четвртфиналните групи ќе се играат овој викенд, а онаа што ја организира Вардар ќе биде одложена поради гостувањето кај Кил, в недела.

Во „Автокоманда“, Металург игра со Вардар јуниор и е голем фаворит не само во тој меч, туку воопшто во групата со Пролет и со Вардар Неготино. Сличен е статусот на Еурофарм работник во салата „Младост“ во Битола, во конкуренција на директниот противник Прилеп и уште на Струга и Радовиш, а најинтересна треба да биде групата на Бутел Скопје.

Најдобрата екипа од Прва лига игра против Охрид, а во вториот меч се среќаваат Делчево и Пелистер. Полуфиналињата во Битола и во Автокоманда се играат денеска, а во салата во Радишани почнуваат утре.

Групата во „Јане Сандански“ ќе добие дополнителен термин. Завршниот турнир на најдобрите четири екипи ќе се игра на 19 и 20 мај.

 

КУП НА МАКЕДОНИЈА – МАЖИ, 1/4 ФИНАЛЕ – делегирање

Група 1, СЦ Јане Сандански – Скопје (одложено)
Полуфинале:
РК Металург 2 – РК Вардар
ГРК Борец – РК Металург Јуниор

Група 2, Сала Младост – Битола
Полуфинале:
20.04.2018 (11:00) РК Прилеп 2010 – РК Еурофарм Работник
20.04.2018 (13:00) РК Струга – РК Радовиш
Финале:
20.04.2018 (18:00)

Група 3, Сала Радишани – Скопје
Полуфинале:
21.04.2018 (15:00) РК Делчево Вардар – РК Пелистер
21.04.2018 (18:30) РК Бутел Скопје – РК Охрид 2013
Финале:
22.04.2018 (16:00)

Група 4, Сала Автокоманда – Скопје
Полуфинале:
20.04.2018 (17:00) РК Пролет 62 – РК Вардар Неготино
20.04.2018 (19:15) РК Металург – РК Вардар Јуниор
Финале:
21.04.2018 (17:00)