Почина големиот спортски работник Владимир Михајловски - Папс

Македонскиот првак Вардар соопшти дека починал спортскиот работник Владимир Михајловски – Папс, кој целиот живот го посвети на „црвено-црните“ и ракометниот тим.

Михајловски беше дел од ракометното семејство на Вардар во време кога „црвено-црните“ почнуваа да владеат во македонскиот ракомет и сведок на успесите на „црвено-црните“, почнувајќи од легендарната сала Расадник па до СРЦ Кале, на првите европски настапи и искачувања.

„Се радуваше заедно со клубот на првите трофеи, во Купот и првенството на Македонија. Потоа следуваше период на доминација на вардарци, а Михајловски постојано беше со тимот. Без еден од основачите на МРК Вардар, вториот тим на Вардар каде продефилираа многу млади играчи кои потоа продолжија во сениорскиот состав, а најголемиот дел од нив станаа и репрезентативци на Македонија. Во еден период беше и дел од репрезентацијата, во младинска и сениорска конкуренција постојано следејќи ги ракометарите“, соопштија од Вардар.