Пелистер го совлада грчки АЕК и обезбеди финале во Струга

Битолскиот тим Пелистер славеше во дербито против грчки АЕК Атина со 27-26 на Струшкиот турнир, па така го освои првото место во групата и си закажа финале против Целје.

По неизвесниот старт на натпреварот во Струга и големата борба меѓу Пелистер и АЕК, грчкиот тим во завршницата од првото полувреме успеа да стигне до 16-12.

Во вториот дел битолчани играа поагресивно и набрзо го свртеа мечот во своја корист (18-17), по што го одржуваа водството до самиот крај за да запишат триумф од 27-26.

Алкалоид претходно го освои првиот бод на турнирот, откако одигра 26-26 против Бутел, додека Татран Прешов ја декласира Струга со 36-21.