Пелистер доживеа тежок пораз од Бутел во Суперлигата

Бутел на домашен терен успеа вечерва да слави против Пелистер со 32-23, па така им го нанесе третиот пораз во серија на битолчани.

Бутел од самиот старт на натпреварот водеше против Пелистер, па посериозното водство го направи во 19. минута кога стигна 11-6, а како минуваше времето така растеше предност на Бутел, кој на полувреме замина со 17-10.

Пелистер успеа на стартот да намали на 14-18, но потоа Бутел имаше голема серија за водство од 27-16, по што беше јасно дека скопската екипа ќе ги освои бодовите од денешниот меч.

Најдобар во победничкиот тим беше Марко Мајиќ, кој постигна осум голови.