Откажан дуелот помеѓу Младост и Металург: Нов позитивен ракометар на Ковид-19 кај скопјани

Металург денеска не се појави на гостувањето кај Младост во рамки на 5.коло во ракометната Суперлига, откако дозна дека еден играч од тимот е позитивен на Ковид-19. 

Екипата веќе беше на пат кон Богданци, кога стаса информацијата дека еден ракометар има коронавирус, па тимот од Автокоманда не се ни симна од автобусот. Играчот покажувал симптоми на болеста и веднаш му бил направен тест, кој испаднал позитивен.

Металург сега ќе оди во 14-дневна излолација, бидејќи целата екипа била во контакт со играчот изминатите денови на патувањето во Франција кај Тулуз во рамки на Европската лига. Ова значи дека скопскиот тим ќе бара одложување на натпреварот со Висла Плоцк од 2-то коло во Европската лига, што требаше да се игра во вторник во Скопје. 

Металург и пред патувањето во Франција имаше еден позитивен играч, Мартин Серафимов, како и еден член на стручниот штаб.