Охриѓани го договорија Манасков, доаѓа уште едно ракометно име

Тренерот на македонскиот ракометен клуб Охрид, Раде Стојановиќ, продолжува да го создава својот тим за наредната натпреварувачка сезона, откако овој пат потпиша договор со Мартин Манасков.

Левиот бек пристигна од тимот на Пролет, за кого настапуваше во последните две сезони.

Покрај 25-годишниот ракометар, охриѓани веќе го насочија својот фокус кон ново засилување во своите редови и се очекува за кус период да го обезбедат и потписот на Грузиецот Лексо Цителишвили, кој чека на одлуката на Арбитражната Комисија по неговото барање за раскин на договорот со Струга.

Тимот од Охрид претходно потпишаа нови договори со Крсте Андоновски, Борче Соколов, Бобан Блажески, Иван Тасески и Јагош Брауновиќ, а како нови засилувања пред Манасков ангажирани беа голманот Никола Данилоски, пивотот Кристијан Анастасовски и десниот бек Дејан Гошески.