Охрид стигна до убедлив триумф против Борец

Охрид во рамки на 13. коло од Суперлигата запиша голем триумф против Борец со 43-29 и така скокнаа до третата позиција на табелата.

Охрид доминираше уште од самиот почеток на мечот, како што се очекуваше, па на полувреме заминаа со предност од 22-10.

Во вториот гол продолжи мечот со исто темпо, а Борец се обидуваше да се спаси од убедлив пораз, но сепак Охрид на крајот триумфираше со 43-29.

Лидер во Суперлигата е Еурофарм Работник, Охрид во моментов е на третата позиција со 27, колку и Бутел, Пелистер има 26 бода на четвртото место, додека Тинекс Пролет е петти со 25 бодови.