Охрид го прегази Работнички и скокна на врвот во Суперлигата

Охрид убедливо славеше со 37-27 против Работнички во 11. коло од македонската Суперлига, па се искачи на првото место на табелата.

Работнички немаше „лек“ за нападите на Охрид, кој уште во првото полувреме го реши мечот, откако на пауза заминаа со предност од 20-13.

Во второто полувреме Работнички се обидуваше да се врати во мечот, но едноставно не успеа во своите намери, па на крајот загуби со 27-37.

Охрид е прв на табелата со 28 бодови, односно два повеќе од второпласираниот Металург.