Охрид доби важна битка за „прв меѓу останатите“

Ракометарите на Охрид го добија одложеното дерби од 6. коло во ракометната Суперлига. Во „Билјанини извори“ падна екипата на Бутел, со 24-22.

По првото, изедначено полувреме и второто почна во сличен тренд, но некаде по 45. минута, Охрид направи серија од 3-0, која се покажа решавачка. Водството достигна 24-20 во последните 5-6 минути, што беше веќе недостижно за скопјани. Најефикасен на мечот беше Хрватот во редовите на Охрид, Денис Тот, со осум гола, а Мирко Мајќи кај Бутел постигна пет.

Во вториот одложен меч од шестото коло, Пелистер го совлада Работнички како гостин, во Скопје, со 34-29, а водството го создаде уште во првиот дел, со 17-13. Талевски беше одличен кај победниците со 10 гола, кај домаќинот Сулима постигна осум, Палевски седум.

По комплетни шест кола, на табелата води Металург со 16 бода, Охрид има 15, Пролет 14, понатаму следуваат Бутел со 12, Радовиш со 9, Пелистер со 8, Вардар јуниор има 6, Работнички 4, Металург 2 и Струга по 1.

 

фото: ohridnews.com