Одложен мечот меѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб во СЕХА-лигата

Еурофарм Пелистер во шестото коло од групата А во СЕХА-лигата требаше да го пречека ППД Загреб, но хрватскиот тим нема да дојде во Битола поради големи проблеми со ковид-19.

Хрватската екипа побара од Е. Пелистер да се одложи мечот закажан за 13 април, а на тоа се согласи битолскиот тим, па сега се очекува од СЕХА-лигата да одреди нов термин за натпреварот.

Е. Пелистер ќе го искористи одложувањето на мечот со ППД Загреб и ќе игра во шестото коло од плејофот во македонската Суперлига против Еурофарм Пелистер 2.

Одложен натпреварот од СЕХА Гаспром лигата меѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб Натпреварот од шестото коло на групата А...

Posted by RK Eurofarm Pelister on Monday, April 12, 2021