Новиот состав како играчки така и во делот на управата на актуелниот европски шампион Вардар тргна со победа и тоа во вечерашната пресметка против РК Охрид (27-22), во меч од традиционалниот „Струшки турнир“.

Средбата, помалку неочекувано, беше изедначена во првото полувреме, кое црвено-црните ги добија со минимални 13-12, додека квалитетот стапи на сцена во продолжението, кога стана јасно кој ќе триумфира.

За Вардар ова беше прв триумф во првиот меч, додека за охриѓани прв пораз во вториот дуел, откако вчера го совладаа Бутел.