Нови седумина позитивни на Ковид-19 во македонскиот ракомет!

По шокантната вест од пред неколку дена за дури 16-мина позитивни на Ковид-19 во таборот новиот суперлигаш КЛ7 и на двајца во тимот на Радовиш, денеска доаѓа нова лоша информација и тоа за дури седумина заразени со коронавирусот во Струга, екипа која е дел од иста група.

Фактот што првенството во групата А е суспендирано на најмалку 15 дена, во струшниот тим го искористија за скрининг на целата екипа, по што се виде дека има голем број позитивни, кои веднмаш беа испратени во самоизолација.

Останува да се види само дали оваа епидемија ќе ја „прескокне“ групата Б, каде што натпреварите се играат според предвидениот распоред.