Никогаш нема да поверувате во какви дресови играл РК Вардар пред повеќе од две децении (ФОТО)

Ракометната екипа на Вардар, кој во изминативе години е најквалитетен спортски колектив кај нас со европска титула и уште еден настап на завршниот турнир во Лигата на шампионите, одамна има препознатливи дресови во оргиналните бои на клубот, кои најчесто доминираат и на трибините на средбите на овој клуб.

Но, тоа не било секогаш така. Денеска на социјалните мрежи кружи фотографија на екипа на вардараци од пред повеќе од две децении, која во деведесетите години од минатиот век играше забележителна улога во македонскиот ракомет. Покрај големиот број познати имиња, како Данило Брестовац, Аце Станковски, Александар Царчев и Касим Каменица највпечатливи на сликата е – бојата на дресовите во кои настапуваат.

Тие се сино-бели и на нив нема ниту трага од традиционално црвено-црната комбинација, која е заштитен знак на секој тим на Вардар без разлика на спортот. На фотографијата се наоѓаат (лево према десно) стојат Касим Каменица, Александар Михајловски, Данило Брестовац, Димитар Пандев, Сречко Георгиевски, Александар Царчев, Тони Василев, Драган Маринковиќ, Кире Ивановски, Папс Михајловски, клечат од лево спрема десно Тони Николовски, Игор Тасевски, Аце Станковски, Милчо Чакаревски, Сафет Пучурица, Живко Стојановски и Кристијан Илиевски.

Во сино-бели дресови во минатото настапувала и фудбалската секција на Вардар и тоа по земјотресот.