Навивачите во очај, но благодарни: „Спасибо Сергеј, фала ти за европската титула“ (ФОТО)

Навивачите на ракометниот македонски шампион Вардар се во тотален шок по објавата дека газдата Сергеј Самсоненко се повлекува од финансирање на клубот кој пред две години ја освои и Лигата на шампионите. 

Во неверица, објавуваат коментари под објавата на официјалниот сајт и сите се прашуваат што понатаму. Русинот со кого Вардар стана европски препознатлив клуб, реши да прекине да дава пари во спорт од каде што не може да врати ниту 10 отсто од вложеното. 

„Спасибо Сергеј“, „Фала ти за европската титула“, „Ти си шампион“, се само неколку од стотиците коментари со поддршкка и благодарност за Самсоненко.