Навивачите на Вардар обезбедија дрес за легендата Горан Иванишевиќ! (ФОТО)

Најпопуларната македонска навивачка група обезбеди дрес за хрватската тениска легенда Горан Иванишевиќ.

Поранешниот освојувач на Вимблдон, во неколку наврати досега ја искажал својата огромна почит и љубон кон актуелниот европски ракометен шампион и токму поради тоа Комити се решија да му подарат дрес.

Преку акција која сами ја спроведоа, навивачите со помош на раперот Слаткар успеаја да се поврзат со Иванишевиќ, кому дресот ќе му го врачат пред ракометниот фајнал-фор идната недела во Келн.