Вардар стана шампион на Македонија, веројатно, најлесно од сите досегашни 12 случаи. Знаеме дека ривалството со Металург веќе со години е сенка на едно време, но овој пат и јавноста заборави. На последниот домашен натпревар за оваа екипа во овој состав, со Раул кој си заминува, со уште шестмина кои си најдоа нови клубови, во „Јане Сандански“ беше празно. На вардарци им останува да ги обединат пехарите во Купот, претстојниов викенд, па кој знае, можеби во Битола ќе бидат повеќе ценети.