Младост изгуби со девет гола разлика, ама се жали на - судењето (ВИДЕО)

Екипата на Младост Богданци беше поразена синоќа во Прилеп, од истоимениот домаќин, во четвртото коло од ракометната Суперлига. Резултатот е убедлив, 41-32 за прилепчани, арно ама според гостите, не ја кажувал целата приказна.

Богданчани се пожалија на својата фан-страница на Фејсбук дека биле оштетени од судиите и дека им е одземена победа. Тоа звучи малку нелогично ако се погледне убедливиот конечен резултат, но во објавата, од Младост велат дека судиските пропусти од тандемот Тодоровски-Митревски биле во ситуации кога тие воделе или биле во налет да го стигнат водството на Прилеп.

„Четиринаесет спорни судиски одлуки а можеби и повеке кои се случуваа на вчерашното на гостувањето во Прилеп на нашата сениорска екипа (несанкционирани исклучувања, пенали, чекори, фаути и голем број други намерни или ненамерни грешки погледнете сами) беа еден од најголемите противници на патот до победата и тоа сите се при водство на нашата екипа или при обид на резултатски приклучок на Младост 1977 во вториот дел. Судии беа лица кои имаат меѓународно искуство, кои ни во еден момент не им доликуваше да го однесат едно прекрасно дерби во ваков расплет и крај...“, пишуваат од Младост.

Тие водеа во првите 20-тина минути од мечот, потоа Прилеп изедначи на 10-10, но ја продолжи серијата голови за 14-11 по првото полувреме. Објавата на Фејсбук од Младост ја поткрепиле и со видео-исечоци од натпреварот.

 

Четиринаесет спорни судиски одлуки а можеби и повеке кои се случуваа на вчерашното на гостувањето во Прилеп на нашата...

Posted by РК Mладост 1977 on Tuesday, September 22, 2020