Митревски блескаше во драмата со Сегед, ја има втората најдобра одбрана во ЛШ! (ВИДЕО)

Никола Митревски беше еден од најзаслужните за големата победа на Пелистер против ПИК Сегед во Битола (25-24), а македонскиот чувар на мрежата ја има и една од најдобрите одбрани на колото.

Митревски забележа неколку одлични интервенции, но и двапати се запиша во листата на стрелци од својата половина. Една од неговите одбрани која беше по 11 минути игра кога гостите имаа само еден постигнат гол е избрана и за втора најдобра во натпреварите од седмото коло.

На врвот пред Митревски се најде само Микел Молер од ПСЖ, додека зад него се: Клемен Ферлин (Киелце), Никола Непарт (Колштад) и Емил Нилсен (Барселона).

Фото: Ѓорѓи Личовски/ЕПА