Михајловски: Државата и градот ми ветија помош, ама ме оставија да гинам – сам!

Денешната прес-конференција на првиот човек на Вардар 1961, Михајло Михајловски, предизвика голем интерес во јавноста, чекајќи објаснување за бркањето од Лигата на шампионите, наводно поради долговите кои останаа од претходниот сопственик и од клубот без додавката во името.

Тој го пофали Сергеј Самсоненко за тоа што го вложил во клубот за време на својот мандат, а го потенцира немањето слух од домашните институции, кои му ветиле помош, ама го оставиле – сам.

„Сергеј Самсоненко заслужува почит за петте години водење на Вардар, во кои стигна до две титули европски првак. Човекот од свои причини се повлече, а јас како долгогодишен спонзор на Вардар прифатив да се вратам и да го спасиме Вардар. Целта беше да се пласираме во Топ 16 во Европа, да освојуваме трофеи во мак-ракометот и да играме финале во СЕХА-лигата. Јас никогаш немаше да се нафатам сам во овој предизвик бидејќи знам колку можам да обезбедам. Свесен сум дека влетавме во лошо време за државата и за клубот, пред се поради пандемијата, па енергетска и економска криза, а сега и со војната во Украина, но имам оправдување за сите кои цврсто ми ветуваа дека нема да ме остават на цедило. За возврат добив помош еднаква на – нула. Верував дека тие луѓе ќе имаат своја доблест, тоа што го ветија да го реализираат и затоа сум благодарен до спонзорите кои ни помагаа во овие две години“, изјави Михајловски.

Ова, сепак, не значи крај за црвено-црните без разлика на одлуката на ЕХФ.