Металург со минимален пораз го заврши турнирот во Русија

Металург загуби и на третиот меч на турнирот во Чехово, Русија, откако подобра од нив денеска беше Стеауа со 28-27.

Екипите водеа голема борба во текот на мечот, а на полувреме клубот од Романија замина со предност од 14-13.

Во второто полувреме Металург успеа да направи предност од три гола во финишот, но Стеауа имаше уште подобра серија и победи со 28-27.

Екипата од Автокоманда претходно загуби и од Чеховски Медведи (23-33) и Мешков Брест (26-38).