Металург се измачи против јуниорите на Вардар и се врати на врвот на Суперлигата

Металург успеа да слави против Вардар јуниор со 33-31 и тоа многу потешко од очекуваното во 11. коло од македонската Суперлига.

Јуниорите на Вардар играа многу добро во текот на мечот, а на самиот старт изградија предност од три погодоци (7-4), по што Металург успеа да се врати и на полувреме да замине со водство од 15-14.

Во второто полувреме Металург веднаш направи предност од три гола, но Вардар го засили притисокот и стигна до 31-32. Сепак, екипата од Автокоманда имаше повеќе нерви во финишот и славеше на 33-31.

Металург повторно се врати на првото место во Суперлигата со 29 бодови, а еден помалку од нив има Охрид.