Металург преку Еурофарм Работник до финале во Купот

Металург се пласираше во финалето на Купот, откако го победи Еурофарм Работник со 28-21 во второто полуфинале денеска. Во првиот дуел Вардар беше подобар од Пелистер со 46-27.

Металург во седмата минута од натпреварот направи разлика од 6-3 и постојано ја одржуваше во продолжение од средбата. Во еден момент Металург стигна и до пет гола предност, но сепак на полувремето заминаа со водство од 15-11.

Во второто полувреме, Еурофарм го намали резултатот на 16-14 и сите очекуваа да го внесат натпреварот во понеизвесен финиш, но тоа не се случи. Металург додаде гас и постојано ја зголемуваше својата предност до конечни 28-21.

Најдобар во редовите на Металург беше Филип Кузмановски со пет гола, додека кај Еурофарм Работник Стефан Дрогришки постигна осум гола.

Финалето од Купот на Македонија се игра утре од 16.30 часот.