Металург прави силен тим: Во „Автокоманда“ доаѓаат близнаците Ниокас

Металург на бековската позиција следната сезона ќе има двајца Французи и тоа браќата близнаци Оливие и Кевин Ниокас. 

Медиумите во Франција откриваат дека двајцата се договориле со македонскиот тим и во следниот период треба да дојдат во Скопје на потпис и официјална промоција. Оливие Ниокас моментално е соиграч на Кирил Лазаров во Нант, додека Кевин Ниокас игра во дресот на Бенфика.

Металург минатата недела го продолжи договорот со Златко Хорват на уште две години, како и со младиот Црногорец, Василије Калуќеровиќ. Скопскиот тим очигледно следната сезона сака да креира конкурентен состав и повторно да се замеша во борбата за шампионската титула крај Вардар и Еурофарм Пелистер.