Металург го промовираше Чориќ: Се надевам дека ќе му помогнам на тимот!

Македонската екипа Металург денеска го промовираше Тео Чориќ, кој последните две сезони ги помина во тимот на Рајн Викинг во втората Бундеслига.

Чориќ потпиша договор на година ипол, а неговото деби ќе биде против Тинекс Пролет.

„Задоволен сум со пристигнувањето во Металург, зашто тоа е екипа со големо реноме. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот во борбата за една од првите две позиции во домашниот шампионат“, вели Чориќ за официјалниот сајт на РК Металург.