Металург ги прегази младите „вардарци“, победа на Пелистер во Струга

Денеска се одиграа четири натпревари од 2.коло во ракометната Суперлига. 

Металург го потврди својот фаворитски статус против Вардар јуниор и славеше со убедливи 41-17. Кондев, Лазаревски и Шилегов постигнаа по пет голови кај победничкиот тим.

Пелистер со 26-24 славеше на гостувањето кај Струга. Охрид немаше никакви проблеми против Работнички и го совлада со 34-22. Интересно беше на дуелот во Скопје помеѓу Бутел и Радовиш, кој го добија домашните со 29-28. 

Вчера се одигра дуелот помеѓу Металург 2 и Пролет, кој го добија гостите со 32-33.