Македонскиот селектор неочекувано го напушти ЖРК Куманово

Најдобриот македонски женски клуб во моментов Куманово остана без тренерот Симе Симовски, кој поради непознати причини поднесе оставка.

Актуелниот селектор на македонската женска репрезентација го предводеше ЖРК Куманово на најдобар начин затоа што имаше 100% ефект во домашното првенство и имаше солидни резултати во регионалната лига.

Во моментов тој останува само селектор на Македонија, а наскоро ќе биде познато дали ќе добие клупски ангажман.