Легендарниот Џомба го посети РК Алкалоид и се сретна со својот пријател - Кире Лазаров! (ФОТО)

Иконата на хрватскиот ракомет, Мирза Џомба денеска беше присутен на тренинг на РК Алкалоид и ги запозна ракометарите кои ги води Кире Лазаров.

Џомба кој е освојувач на злато од Светското првенство и Олимписките игри со Хрватска, беше и соиграч на Кире Лазаров во Загреб и Веспрем.

По завршувањето на играчката кариера, Џомба е активен во медиумските води, во моментов е водител на ТВ емисијата која се емитува на Арена, „(Не)успех првака“ во која специјален гостин ќе биде Кире Лазаров.