Куманово првпат е освојувач на женскиот ракометен Куп

Ракометарките на Куманово се победнички во женскиот Куп на Македонија, совладувајќи го ЖРК Вардар со 24-22 во финалето на завршниот турнир кој се одржува во нивниот град.

До првиот пехар во клупската историја, кумановки дојдоа со константно водство во текот на целиот натпревар. Уште во првото полувреме најавија дека ќе одат на победа, поведувајќи и со 10-5 по 20 минути игра, но дозволија вардарки да се вратат и да намалат на 11-9 на паузата.

И во вториот дел домаќинот се одвои со 16-12, но на влезот на последните 10 минути Вардар дојде на 20-19 и го направи финалето интересно. Гостинките од Скопје имаа напад за да изедначат на 23-23, но ја загубија топката и само ја потврдија победата на Куманово.