Кастратовиќ тргна со победа на клупата на Металург

Металург го совлада Пелистер во Битола со 27-24 во рамки на 7.коло во ракометната Суперлига. 

Тоа беше успешно деби за новиот тренер на „металурзите“, Зоран Кастратовиќ, кој го положи првиот испит иако со екипата одработи само неколку тренинзи. Скопскиот тим на полувремето имаше водство од 15-11, а во вториот дел успеа истото да го задржи за конечни 27-24.

Томислав Јагуриновски и Реваз Чантурија со по шест погодоци беа најефикасни кај победничкиот тим, додека Стефан Талевски со седум најмногу се истакна кај битолчани. 

Благодарение на оваа победа тимот од Автокоманда ќе го задржи лидерското место на табелата со 19 бодови. 

СУПЕРЛИГА (7.КОЛО)
Вардар Јуниор - Тинекс Пролет 38-27
Радовиш - Работнички 41-33
Струга - Охрид 10-28